Еден од играчите на шпанскиот вторлигаш Фуенлабрада преживува вистинска драма. Поради компликации предизвикани од коронавирус, тој ја загубил свеста и итно е префрлен во болница во Ла Коруња каде овој тим се наоѓа веќе неколку дена.
Вчера е откриено уште шест позитивни случаи во овој шпански второлигаш и од тогаш во сите соби и на сите членови на тимот се вршат тестирања.
Пред четири дена е откажан мечот Депортиво-Фуанлабрада бидејќи биле регистрирани седум позитивни случаи на коронавирус.