Драмата во Франција заврши со среќен крај. Фудбалерот на Ница Алексис Бека Бека (22) бил извлечен од работ на мостот каде седел и се заканил дека ќе се самоубие. Наводно, младиот играч отишол на мостот „Манјан“ поради раскинување со својата девојка. Таму беа испратени сите служби, полиција, итната помош, психолози и се чини дека разговорите вродија со плод. Сè траело околу еден час и успеале да го убедат Алексис да се повлече и на тој начин да спречат трагичен исход. Веднаш бил префрлен во болница, а неговиот клуб се уште не се изјаснил за тоа.
This is Scary… But now it seems that Alexis Beka Beka is safe thankfully… pic.twitter.com/3vyLWnweTD
— Upamaguire (@UpamaguirePF) September 29, 2023
Бека Бека е роден во Париз на 29 мај 2001 година, а професионалната кариера ја започна во 2018 година во резервниот тим на Каен. После тоа играше за првиот тим, а потоа замина во Русија и потпиша за Локомотив Москва. Таму остана само една година, а потоа се врати во Франција и потпиша за Ница. Помина низ јуниорските категории на француската репрезентација, беше дел од тимот на Олимписките игри во Токио, но не играше за сениорскиот тим. Покрај францускиот има и конгоански пасош.
