ФУДБАЛ

Дресот на Пјаниќ се појави во Фан Шопот: Миралем го доби легендарниот број на барса (ФОТО)

Миралем Пјаниќ се приклучува на каталонскиот тим како дел од размената со Артур Мело, а Јуве ќе испрати дополнителни 10 милиони евра на „Камп Ноу“.

Иако информациите сè уште не се официјални, дресот на Барса со името и бројот на Пјаниќ на грбот, започна да кружи на Интернет.

И покрај тоа што не е дрес што Каталонците ќе го носат во новата сезона, не е толку важен како фактот што се шпекулира дека популарниот Пјаниќ ќе го добие бројот 8 во новиот клуб.

Овој број има статус на легендарен на стадионот „Камп Ноу“, бидејќи некогаш го носеше Андрес Иниеста.

Да потсетиме, Пјаниќ носи „петка“ во Јувентус, тој носеше „петнаесетка“ во Рома, а последен пат во Лион носеше „осумка“. Интересно е што тогаш тој број го наследи од легендарниот Жунињо.

Останува на нас да видиме дали овие информации се точни.

Бројот осум по заминувањето на Иниеста го носеше Артур.