Иако тековната сезона е во полн ек, клубовите веќе полека се подготвуваат за следната.
Секако, ова најмногу се однесува на дресовите во кои клубовите ќе играат следната сезона, а меѓу првите што „протекоа“ во јавноста се дресовите на Јувентус.
Фотографии од дресовите на Старата дама што играчите на овој клуб најверојатно ќе ги носат следната сезона се појавија на социјалните мрежи.
Навивачите на Јувентус беа особено воодушевени од домашниот дрес, кој е во традиционални бои и изгледа навистина одлично. Исто така, дресот за на гости е одличен дизајн додека дресот на резервниот сет не ги воодушеви навивачите толку многу.
