Дани Дринквотер го достигна најславниот дел од кариерата пред неколку години, откако ја освои шампионската титула со Лестер.
Овој играч од средниот ред беше дел од тимот кој во 2016 година ги шокираше сите со освојување на титулата, па замина во Челзи една година подоцна во трансфер вреден 30 милиони фунти.
Сепак, од пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“, Дринквотер целосно исчезна. Иако тој одигра 22 натпревари во првата сезона, со доаѓањето на Маурицио Сари тој исчезна и не се појави на ниту еден натпревар во сезоната 2018/2019.
Ова очигледно направи многу ментално влијание врз овој фудбалер, исто како и слабо направениот заем во Барнли. Тој честопати правел проблеми надвор од теренот, а во април минатата година криел сообраќајна несреќа додека бил бијан.
Неколку месеци подоцна, се степа во ноќен клуб, по што се здоби со повреда на лигаментите на на глуждот и потоа од Барнли го фратија назад, а Челзи го испрати во Астон Вила.
Сепак, многу наскоро Дринквотер може да биде отпуштен од тимот на Бирмингем. Тој накратко го нокаутираше соиграчот на тренингот по вчерашната кратка дискусија и раководството на Астон Вила ќе ја разгледа опцијата за раскинување на заемот.
Така продолжи големиот пад во кариерата на 30-годишниот фудбалер, кој јасно не може психолошки да издржи на славата што ја носи играта на високо ниво.