ФУДБАЛ

Дрис Мертенс пресече, се чекаа само потписот

Белгискиот фудбалер донесе одлука за продолжување на кариерата.

Иако се чинеше дека Мертенс е на чекор до Интер, откако овој клуб му понуди двегодишен договор вреден 14 милиони евра, тој донесе поинаква одлука.

Според „Спортиталија“, Мертенс решил да му остане лојален на Наполи и се согласил да ја продолжи соработката, па наскоро ќе потпише нов договор, а неговиот претходен истекува на крајот на сезоната.

Двегодишниот договор со Наполи вклучува почетна плата од четири милиони евра, зголемена за бонусите поврзани со неговите игри и постигнатиот клупски резултат.

Оваа сезона, Белгиецот одигра 29 меча за Наполи и постигна 12 гола и шест асистенции, а тој е член на клубот веќе седум години, кога дојде од ПСВ за 13 милиони евра.