Поранешниот напаѓач Дидие Дрогба присуствуваше на доделувањето на Златната топка во Париз.
Дрогба на церемонијата пристигна во придружба на својата девојка Габриел Лемер, а заљубениот пар изгледаше многу среќно додека им позираше на фотографите на црвениот тепих.
44-годишниот поранешен голгетер на Челзи носеше црн смокинг, но сите погледи беа вперени во нозете на неговата нова девојка, која заслепуваше во елегантен сребрен фустан.

Дрогба и неговата нова девојка излегоа во јавност претходно оваа година, присуствувајќи на трка во Формула Е заедно во Саудиска Арабија.
Дрогба објави дека се разделува од сопругата Лала во јануари 2021 година по десет години брак. По средбата во доцните 1990-ти, Дрогба и Лала се венчаа во 2011 година. Дрогба претходно го објасни својот потег и раскинувањето со долгогодишната сопруга.
“Немам навика да разговарам за мојот приватен живот. Но, поради шпекулациите во медиумите денес, можам да потврдам дека, за жал, по 20 години заедно, Лала и јас донесовме тешка одлука да се разделиме минатата година. Остануваме многу блиску, а нашите врвни приоритети беа да ги заштитиме нашите деца и приватниот живот на нашето семејство“, објави Дрогба.

Дрогба и неговата поранешна сопруга имаат три деца заедно – синовите Исак (21) и Киран (12) и ќерката Иман.
Поранешниот напаѓач беше домаќин на синоќешната церемонија на доделување награди – им ги врачи трофеите на победниците Карим Бензема и Алексија Путелас.
