ФУДБАЛ

Другарот на Халанд ја уништи Рома, а потоа го исмејуваше Мурињо: Историјата си поигрува со Португалецот

Бодо Глимт ја победи Рома во третото коло од конференциската лига.

Норвешкиот клуб славеше со 6:1, а херој беше 21-годишниот Ерик Ботеим, кој постигна два гола, запиша три асистенции и на тој начин му го зададе најтешкиот удар на Мурињо во неговата тренерска кариера.

Ботајм е голем пријател со Ерлинг Халанд, а по триумфот против Рома на интернет кружи видео на кое Ботајм и Халанд со уште еден пријател пеат дел од навивачките песни кои имаат содржина да ги „боцкаат“ противниците.

Ботајм е капитен на У21 селекцијата на Норвешка, ги помина сите младински категории на Норвешка и се поврзува уште една анегдота.

Пред 14 години, Мурињо дојде во Осло за да го договори трансферот на Јо Оби Микел во Челзи, а потоа во фудбалската школа Лин Осло играше со Ботајм кој постигна девет гола на еден натпревар од детската лига.

Мурињо не можеше да претпостави што го чека 14 години подоцна.