Бразилскиот ветеран Аурелио Гомес е стартер за Ватфорд на натпреварите од ФА купот. Оваа сезона одиграл седум натпревари и сите во ова натпреварување.
Ватфорд на вчерашниот натпревар со пресврт дојде до победа од 3:2 на Вулверхемптон и се избори за финале во Фа купот против Манчестер Сити. Ова би можело да биде и последниот натпревар на Гомес на кој тренерот на Ватфорд му давал шанса само од клупата во ФА купот.
Затоа што е финале, многумина сметаат дека во Ватфорд ќе направат промена и сепак на голот ќе застане првиот голман Бен Фостер, но тој сепак сака Гомес да биде на голот.
„Апсолутно ќе одбијам да бранам ако бидам пред Гомес“, кажа Фостер на шега.
„Аурелио тоа го заслужува и треба да игра без сомнение. Никогаш не го остави клубот и никогаш нема да го остави. Беше фантастичен во полуфиналето“, кажа Фостер.
Менаџерот на Ватфорд Хави Гарсиа се уште се надева дека Гомес ќе ги преиспита своите планови за пензија.
„Оваа недела слушнав многу работи за тоа дали денес ќе биде последниот натпревар за Гомес, но тоа не е важно за мене“, рече Гарсиа пред неколку недели.