Реал Мадрид веќе бара засилувања за јануарскиот рок.
По очајниот старт на сезоната и многуте лоши игри, Кралевите сакаат да го засилат својот тим уште во јануарскиот преоден рок, а со шпанскиот великан најповеќе се поврзува Кристијан Ериксен и Дони ван де Бик.
Сепак, младата ѕвезда на Ајакс, Дони ван де Бек, јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти клубот во јануари, иако понудата на Реал Мадрид беше поставена на масата.
„Не сакам да одам во јануари. Овде ќе играм цела сезона, така ќе бидам мирен и спокоен, а што ќе се случи во иднина ќе видиме“, истакна 22 годишниот играч од средниот ред.
Ван де Бик одигра фантастично минатата сезона. Сепак, ова лето, и покрај многуте понуди, тој остана во Ајакс, каде останува брилијантен.
Тој постигна три гола оваа сезона и четири асистенции.