ФУДБАЛ

Дуелот Шкупи-Вардар, наместо во Чаир, ќе се игра во Струмица!

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи и ФК Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот. Ова доаѓа откако Комисијата извршила увид и констатирала дека стадионот во Чаир не ги исполнува условите за мечевите од Првата македонска фудбалска лига. Па, така ФК Шкупи требаше да обезбеди друг терен и стадион на кој ќе го пречека Вардар. Покрај ова, стадионот во Чаир е единствениоит од прволигашките терени кој не обезбедил услови за постапување на ВАР опрема, систем кој за прв пат е воведен кај нас.

ПОВРЗАНО

Прва МФЛВардарШкупи