ФУДБАЛ

„Душан Влаховиќ е подобар од Ерлинг Халанд“

Душан Влаховиќ зад себе има две навистина одлични сезони во кои се избори за голем трансфер од Фиорентина во Јувентус.

Овој 22-годишен фудбалер беше платен 80 милиони евра, повеќе дури и од големата ѕвезда Ерлинг Халанд кој од Борусија Дортмунд се пресели во Манчестер Сити.

 

Влаховиќ не блесна особено во дресот на Стара Дам. Неговата експлозија се уште се очекува, а за претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Ненад Бјековиќ нема дилема – Влаховиќ е подобар од Халанд.

https://youtu.be/WY8S9BKCLZI

„Влаховиќ е подобар и покомплетен играч од Халанд“, изјави Бјековиќ за Tuttosport и продолжи:

 

“Норвежанецот е моќен и силен играч, но ниту Душан не е послаб. Има мала разлика во висината, но напаѓачот на Јувентус е посестран и има поубав стил на игра”; истакна Бјековиќ.

https://youtu.be/5kU8ctYBkeU

Влаховиќ за Јувентус постигна девет гола на 21 настап, додека за Фиорентина постигна 20 гола на 24 натпревари.

 

Халанд минатата сезона во Борусија постигна 29 гола на 30 настапи.