Фудбалерите на Интер славеа во натпреварот од 15. коло на Серија А против Аталанта со 3:2.
Лукман погоди од пенал во 25. минута за водство на Аталанта, но Един Џеко израмни за гостите пред паузата.
Тој искористи асистенција од Мартинез во 36. минута за 1:1.
Во продолжение Интер беше поконкретен, а Џеко донесе пресврт за својот тим со вториот гол во 56. минута, по асистенција на Димарко.
Pranzo con vittoria 🍝
Grandi ragazzi 🖤💙#AtalantaInter #ForzaInter pic.twitter.com/5iKZO0z2ER— Inter ⭐⭐ (@Inter) November 13, 2022
Паломино пет минути подоцна си постигна автогол за значајни 3:1 на гостите.
Истиот играч ја врати надежта во својот тим во 77. минута, но тоа беше се што можеше да направи Аталанта.
Интер е четврти во поредокот со 30 бодови, исто толку колку и третопласираниот Милан, кој својот меч од 15. коло го игра од 18 часот против Фиорентина.
Аталанта е шеста со 27 бодови.
Ова беше осми последователен натпревар во кој Богиња не славеше против Интер. Четири години го чека скалпот на миланскиот великан.