Бразилскиот фудбалер Нејмар на состанокот со спортскиот директорот на ПСЖ, искрено призна дека сака да го напушти Париз и да се врати во Барселона.
Сагата околу Нејмар трае со недели, а Бразилецот се приклучи на вчерашните подготовки за парижаните. Нејмар задоцнил на подготовките седум дена, и поради оваа причина, тој бил казнет со тешка казна од речиси 400.000 евра.
Сепак, Нејмар јасно стави до знаење дека сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, и побара од Леонардо да не прави премногу проблеми во преговорите со каталонскиот клуб.
Сепак, се чини дека неговото барање не поминало баш како што се надевал. Всушност, шпанските медиуми велат дека Барса денес ја испрати првата понуда за Нејмар, но и дека ПСЖ ја одби.
Барселона им ги понуди Кутињо и Дембеле и плус 40 милиони евра, но ПСЖ одби. Парижаните сакаат многу повеќе пари и тоа им е јасно кажано на каталонскиот клуб. Се очекува Барса да испрати нова понуда за Бразилецот во наредните денови.