Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси жали за случувањата по четвртфиналниот натпревар против Холандија на Светското првенство.
„Гаучосите“ се пласираа во полуфиналето по возбудлив натпревар и подобро изведување на пенали, а меѓу двете екипи беше бурно, па по завршувањето на мечот, Меси гестикулираше кон Ван Гал и Вегхорст, а на противничкиот фудбалер дури и му рече: Што гледаш, будала.
„Вистина е дека не се подготвував за такво нешто, иако знаевме што кажа Ван Гал пред натпреварот. Еден од моите соиграчи дури и пред почетокот на натпреварот намерно ми рече „Дали видовте што рече“. Имавме водство од 2:0, а потоа следуваше пауза. Не ми се допадна тоа што го направив подоцна со „Ајде, бегај таму“. Тоа се моменти на голема напнатост, многу нервоза, се се случува многу брзо и немате време за размислување. Ништо од тоа не беше планирано, се се случи само по себе и признавам, не ми се допаѓаат тие сцени ниту со Ван Гал, ниту со тој играч, ниту со некои од нив“, изјави Меси два месеци подоцна.
