Денеска се играат два натпревари од првото коло во домашниот кошаркарски шампионат.
Струмица вечерва од 19 часот го пречекува тимот на Охрид, а во Гевгелија, Кожув е домаќин на Блокотехна.
Вчера во дербито на првата рунда Работнички како гостин го совлада Куманово со 91:88, а победникот беше решен во продолжението од пет минути.
Во вторник Пелистер се среќава со Шкупи, следниот ден Фени Индустри игра против Гостивар, а колото се затвора в среда со уште еден дерби натпревар во кој МЗТ Скопје се соочува со Карпош Соколи.