Листата на играчи кои одиграле најмногу натпревари на светските фудбалски првенства ја предводат двајца Германци – Лотар Матеус и Мирослав Клосе, кои имаат одиграно 25, односно 24 натпревари.
Матеус се појави во пет, а Клосе, кој е и најдобар стрелец во историјата на светските првенства, во четири Мундијали.
Зад тие двајца на вечната листа е Италијанецот Паоло Малдини со 23 меча, а Аргентинецот Диего Марадона, Германецот Уве Зелер и Полјакот Владислав Жмуда одиграа по 21 меч.
Дваесет настапи на најважното фудбалско натпреварување забележаа Бразилецот Кафу, Германците Филип Лам и Бастијан Швајнштајгер, Аргентинецот Хавиер Маскерано и Полјакот Гжегож Лато.
По турнирот во Катар, најголем дел од овие играчи би можел да ги „прескокне“ капитенот на Аргентина, Лионел Меси, кој досега одигра 19 натпревари на Светското првенство.
Играчи со најмногу настапи:
25 – Лотар Матеус (Германија)
24 – Мирослав Клосе (Германија)
23 – Паоло Малдини (Италија)
21 – Диего Марадона (Аргентина), Уве Зелер (Германија), Владислав Змуда (Полска)
20 – Кафу (Бразил), Филип Лам (Германија), Гжегож Лато (Полска), Бастијан Швајнштајгер (Германија), Хавиер Маскерано (Аргентина)
19 – Рафаел Маркез (Мексико), Пер Мертезакер (Германија), Лионел Меси (Аргентина), Волфганг Оверат (Германија), Роналдо (Бразил), Карл-Хајнц Румениге (Германија), Берти Фогтс (Германија).