Српските медиуми денеска објавија дека двајца играчи на Партизан биле заразени со коронавирусот.
Имено, белградскиот клуб требаше да го стори првиот дел од подготовките на Златибор, но тој план не успеа откако добија препораки од докторите дека е најдобро тимот во овој момент да не патува никаде.
Последниот повик на играчите на Партизан е закажан за 4 јули, а јасно е дека сигурно нема да се појават двајца играчи. Имено, медиумите во Србија објавија дека Александар Чекиќ и Никола Лакичевиќ биле заразени со коронавирусот, откако го направиле тестирањето пред почетокот на подготовките.
Партизан сè уште не се огласи за ова прашање, но јасно е дека нешто се случува во клубот.
Наводно, тие чекаат уште еднаш да бидат тестирани Чекиќ и Лакичевиќ за да добијат потврда дали се навистина заразени, а после тоа ќе објават и презентираат нови планови за првиот дел од подготовките.