Пари Сен Жермен потврди дека двајца играчи на овој тим Тило Керер и Ерик Јуниор Дина Ебимбе се заразени со коронавирус. Младиот Германец и Французин ќе го пропуштат мечот со Лориен кој е на програмата вечерва од 21 часот.
Керер оваа сезона одигра 12 натпревари во француската Лига 1, девет како стартер, додека Ебимбе запиша седум натпревари, три од првата минута.
Покрај нив двајца вечерва нема да игра Леонардо Паредес. Аргентинецот од претпазливост отиде во самоизолација.
Добрата вест за парижаните е што на почетокот на 2022 година во тимот ќе се приклучат моментално отсутните Јулијан Дракслер, Левин Курзава и Хуан Бернат.
По 18 одиграни натпревари, ПСЖ е убедливо прв во Лига 1 со 45 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Олимпик од Мрсеи. Лориен е претпоследен со 15 бода.
https://twitter.com/SportsbookBTC/status/1473667322653016064