ФУДБАЛ

Двајца играчи на Реал Мадрид барале да не шутираат пенал против Манчестер Сити, едниот се исплашил од голманот Едерсон

Тренерот Карло Анчелоти по натпреварот со Манчестер Сити и победата на пенали откри дека двајца фудбалери побарале да не преземаат одговорност и да не шутираат пенал. Станува збор за стоперот Едер Милитао и играчот од средниот ред Федерико Валверде, а Анчелоти ги објасни нивните барања.


„Федерико требаше да биде петти, но ми кажа дека е многу уморен и вистината е дека е „мртов“, па решивме дека Рудигер ќе шутира“, рече Анчелоти. За Милитао објасни дека се плаши од голманот на Манчестер Сити, Едерсон, кој добро го познава, со оглед на тоа дека се сонародници и колеги од бразилската репрезентација.

Џуд Белингем, Лукас Васкез, Начо Фернандез и Антонио Рудигер успешно го шутираа пеналот за Реал Мадрид, а единствениот што промаши беше Лука Модриќ, кој беше и прв изведувач.