Четириесет минутната борба на тимот лекари на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје беше неуспешна да го спаси животот на дваесет и пет годишниот фудбалер кој вечерва беше застрелан пред „Ред Кафе“ околу 18 часот.
Застреланото лице беше донесено во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот. И покрај тоа докторите се обидуваа да го реанимираат 40 минути, по што е констатирана смрт, посочија од Клиниката.
Во врска со лекарскиот третман на застреланото лице во Аеродром. pic.twitter.com/CIG2mVekfT
— Министерство за здравство (@ZdravstvoMK) November 3, 2017
Застреланиот бил донесен на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ без знаци на живот, а 40-минутните обиди за реанимација завршиле без успех, по што е констатирана смрт.
Според нашите избори, Јанушев бил поранешен фудбалер, а во последниот период се занимавал со кик-бокс.
Поплднево тој беше застрелан со 4-5 куршуми во главата и вратот и без знаци на живот беше однесен во Градска болница.
Напаѓачот е во бегство. Според последните информации, после пукањето неколкумина избегале под подвозникот на железничката пруга и се упатиле кон мостот преку кој се стига на Скопски Саем.