Реал Мадрид е подготвен да загуби уште двајца играчи ова лето, а тоа се Шпанците Марко Асенси и Дани Себаљос.
До почетокот на новата сезона ќе има многу промени во ростерот на Мадрид. Герет Бејл, Иско и клупската легенда Марсело веќе го напуштија клубот, а сега на ред се Асенсио и Себаљос.
Асенсио веќе некое време се поврзува со Милан, а Реал е подготвен да го продаде за 30-35 милиони евра. Неговиот договор со клубот трае до следното лето, исто како и Себаљос, а бидејќи не се во плановите на тренерот Карло Анчелоти, челниците на кралевите сфатија дека е најдобро да ги продадат до почетокот на новата сезона.
Што се однесува до Себаљос, Реал ќе го продаде за 12-15 милиони евра. Иако за двајцата има интереси на други клубови, на „Сантијаго Бернабеу“ се уште не пристигнала официјална понуда.
Марко Асенсио минатата сезона одигра 42 натпревари и постигна 12 гола. Себаљос, пак, има 18 настапи.
Реал досега донесе две засилувања. Шпанците за бонуси од 80 милиони евра го купија 22-годишниот Орелиен Чоамени од Монако, додека второ засилување е германскиот стопер Антонио Рудигер кој како слободен играч дојде од Челзи.
Вреди да се спомене и дека на позајмица во клубот се вратија Алваро Одриозола, Рајнер, Такефуса Кубо и Борха Мајорал.
Мадрид ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите минатата сезона, а најголемите амбиции ги имаат во сезоната 2022/23.