ФУДБАЛ

Двајцата го победија ракот – па си ги разменија дресовите (ФОТО)

На дуелот помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Лацио синоќа во Лигата на Европа се случи нешто прекрасно. Еден против друг играа двајца фудбалери кои во минатото се бореа со ужасна болест.

Марко Ројс и Франческо Ачерби се двајца фудбалери кои боледуваа од рак на тестисите. Нивните фудбалски кариера за момент застанаа, бидејќи пред нив беше најважниот натпревар, оној на кој треба да ја победат смртоносната болест.

И Рус и Ачерби успешно ја минаа болеста и по повеќе од една година се вратија на фудбалските терени. Ачерби дури успеа да стигне и до репрезентацијата на Италија, но негов најголем успех во животот сигурно ќе биде победата над ракот.

Двајцата фудбалери синоќа по натпреварот во Франкфурт си ги разменија дресовите во знак на меѓусебна почит.

Извор: sport1.mk