Францускиот дефанзивец Самуел Умтити конечно ја напушти Барселона.
Каталонскиот клуб веќе неколку години се обидува да се ослободи од Умтити, кој не е во плановите на тренерот, но проблем беше што Французинот упорно ја одбиваше опцијата да го напушти „Камп Ноу“.
Умтити беше еден од најплатените играчи во тимот и не сакаше да оди поради парите. Но, тоа се промени кога тој се согласи на значително намалување на платите на почетокот на годината.
Поради ова тој веќе нема пречка да ја напушти Барса и конечно ги воодушеви челниците и тренерот на каталонскиот клуб со одлуката да ги спакува куферите и да си замине од овој клуб.
Барселона и официјално потврди дека Умтити го напушта клубот и дека следната сезона во Серија А ќе ја помине на позајмица во Лече.
Agreement with Unione Sportiva Lecce for loan of Umtiti until 30 June 2023
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 25, 2022