Се ближи 29 ноември кога ќе го дознаеме добитникот на престижниот лауреат „Златна топка“ за најдобар фудбалер во 2021 година.
Во конкуренција се неколку светски фудбалски имиња, а шпанска „Марка“ неодамна ги објави актуелните гласови предводени од Роберт Левадовски.
Новите пишувања во светските медиуми велат дека две имиња останале во потесна конкуренција и тоа Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо. „ЕСПН“ пишува и дека борбата ќе биде меѓу Левадовски и Роналдо.
Натписите, исто така, велат дека Мохамед Салах ги претекнал Карим Бензема и Лионел Меси, кои паднаа на списокот поради игрите во последните месеци во дресот на ПСЖ, и дека Роналдо значително скокнал и дека неговите шанси се зголемиле бидејќи го спасува Јунајтед во Лигата на шампионите каде ја продолжи голгетерската серија.
Па така според новите прогнози Левандовски и Роналдо се далеку пред другите, третопласиран е Салах, четврти Бензема, а петти Жоргињо, додека од ТОП 5 отпадна Лионел Меси.
Извесно е дека до 29 ноември ќе има многу нови поместувања и прогнози, а овогодинешното издание е едно од највозбудливите кога е Златната топка во прашање.