ФУДБАЛ

Две ѕвезди на Сити се позитивни на коронавирус

Манчестер Сити потврди позитивни случаи на коронавирус во нивниот тим.

Габриел Хесус и Кајл Вокер тестираа позитивно на Ковид-19 и сега ќе треба да поминат низ задолжителен протокол.

Ова е многу лоша вест за Пеп Гвардиола кој нема да може да смета на двајца многу важни играчи во следните 15 дена.

Како што стојат работите, Вокер и Хесус ќе пропуштат минимум четири натпревари, три во ПЛ и полуфиналето од Купот ЕФЛ против Манчестер Јунајтед.

Дефанзивецот беше незаменлив во одбраната оваа сезона, додека напаѓачот играше секогаш кога беше подготвен.