Ракометарите на Струга без проблеми стигнаа до нова победа во Првата Лига, откако прославија триумф на гостувањето кај Рудар во Пробиштип со високи 26:38. Домашните преку Ампов поведоа со 1:0, но потоа се беше во знакот на гостинските ракометари.
Струга направи серија од 6 голови, за водство 1:6, па се беше полесно. До паузата избраниците на Наум Танески стигнаа до плус 9, 13:22. Вториот дел се играше само формално, до конечните 12 голови разлика, кои беа и највисоки во текот на мечот, 26:38.
Најдобар поединец во гостинскиот тим беше Томе Нацев со 10 голови, а 6 даде Петар Поповски, додека кај домашниот тим се истакна Денис Ампов, чии 14 голови беа премалку за Рудар да се избори за позитивен резултат на овој натпревар.
Извор: 24 ракомет / Д.А