Златната топка за 2019 година ќе биде доделена на 2 декември.
Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе бидат меѓу првите кандидати за освојување на оваа престижна награда оваа година, а Еден Азар мисли дека освојувачот треба да биде еден од играчите на Ливерпул.
„Јас би му ја доделил на еден од играчите на Ливерпул“, рече Азар за престижниот „Ле Парисиен“ и додаде: „Мане, Салах или Ван Дајк го заслужуваат тоа“.
„Ако Мане беше шампион на Африка со Сенегал, тогаш немаше да има дилема. Би било убаво тој да ја добие“.
„Или Салах, која е еден од моите пријатели. Тоа би било добро за африканскиот и англискиот фудбал“.
Салах, Мане и Ван Дајк ја освоија ЛШ со Ливерпул минатата сезона, а сега тие се на вистинскиот пат да ја доведат титулата од Премиер лигата на „Енфилд“ по 30 години.