После тримесечна пауза, шпанската Ла Лига продолжи, а вечерва Кралевите ќе бидат на теренот.
Имено, Реал Мадрид вечерва (19:30 часот) ќе биде домаќин на тимот на Еибар во 28. коло од Ла Лига на домашен терен (стадион Алфредо Ди Стефано).
Покрај тоа што можат повторно да ги следат своите фаворити во акција, навивачите на Реал Мадрид, но и Зинедин Зидан, се особено задоволни од фактот што Еден Азар ќе биде во конкуренција за дуелот со Еибар.
Азар претрпе сериозна повреда на глуждот во февруари, за што беше подложен на операција. Сепак, Белгиецот ја искористи паузата поради новата пандемија на коронавирусот за да се опорави и да се врати во форма, па може да добие шанса да игра против Еибар.
Уште повеќе, Марка верува дека Белгиецот ќе биде во почетниот состав.
Самиот Зидан потврди дека Белгиецот се враќа во списокот, а стратегот на Краљевите потврди дека се враќа и Марко Асенсио.