ФУДБАЛ

Еден детаљ реши Халанд да не потпише за Манчестер Јунајтед и да замине во Дортмунд

Ерлинг Халанд на крајот на оваа сезона ќе ја напушти Борусија Дортмунд и како што стојат работите неговата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Сити.

Многу англиски медиуми утринава пренесоа дека Халанд договорил се со Манчестер Сити и дека одлучил од следната сезона да го носи дресот на овој англиски клуб.

Сити ќе помине фантастично во оваа зделка бидејќи ќе го откупи договорот на Халанд од Дортмунд за само 75 милиони евра. Халанд сигурно ќе биде меѓу најплатените играчи во светот и ќе добие бонус од Сити доколку ги избере.

Халанд го воодушеви фудбалскиот свет со игрите во Салцбург од кој пред две години се пресели во Дортмунд за само 20 милиони евра, а потоа направи полн погодок со изборот на германски клуб.

Имено, англиските медиуми открија дека Халанд бил пред потпис за Манчестер Јунајтед во јануари 2020 година, но дека тогаш само еден детал од договорот решил да не оди на Олд Трафорд.

Халанд на крајот го избра Дортмунд бидејќи челниците на германскиот клуб се договорија во договорот да вклучат откупна клаузула од 75 милиони евра, која ќе важи летово.

Манчестер Јунајтед одби да ја стави оваа клаузула во договорот поради што Халанд на крајот одби да потпише за „црвените ѓаволи“ и се чини дека тоа беше најдобрата одлука за него на крајот.