Серхио Агуеро го носи дресот на Манчестер Сити веќе девет години.
Аргентинецот стана апсолутна легенда на „Граѓаните“, тврдејќи дека тој останал на највисоко ниво затоа што се откажал од скара и стек, од што брзо наклавал тежина.
„Мислам дека беше помеѓу 2013 и 2016 година. Не можев добро да се прилагодувам на мојата диета, чувствував вртоглавица на теренот и знаев дека морам да сменам нешто. Се запознав со италијански лекар и се предомислив кога разговарав со него. Тој ми рече да јадам само месо еднаш неделно и не бев задоволен од тоа. Пмислив: Аууу “, изјави Агуеро за „TyC Sport“ и продолжи:
„Ми паѓаше притисокот за време на натпреварите и се чувствував лошо. Сите рекоа дека тоа е од апчињата и лековите против воспаление. Секогаш ги земав и на крајот сето тоа беше поради тежината. Бев со прекумерна тежина, а во фудбалот и половина клилограм прави разлика. Во моментов имам 79,5 килограми, а порано имав 82,3“, истакна Аргентинецот.
Кун одига 368 пати за Сити и постигна 254 голови.