Пред половина година Серхи Роберто потпиша нов договор со Барселона и се откажа од многу пари за да остане на Камп Ноу и да помогне во финансиската стабилизација на клубот.
Неговиот договор трае до крајот на сезоната и сака да го продолжи. Наводно се согласил на намалување на платата од девет на три милиони евра годишно.
„Во моментов ме плаќаат како да сум јуниор, како штотуку да сум дошол од друга екипа. Сепак, горд сум затоа што сакам да бидам тука. Парите не ми се важни“, изјави 30-годишниот фудбалер.
Роберто во последно време е на удар на навивачите поради лошите игри.
„Не уживав во последните неколку години, бидејќи не бев физички подготвен. Имав тежок период поради низа повреди, но уверен сум дека следната година ќе биде поинаку. Ќе бидам подобар од било кога“.
Еден од четворицата капитени на Барселона се уште не знае каква е неговата иднина во каталонскиот гигант.
„Не знам… Чави ми кажа дека ме сака, но се уште не сме почнале да преговараме за нов договор“, изјави Роберто, кој за Барселона одигра 328 натпревари и постигна 14 гола со 39 асистенции.