Роберт Левандовски е најголемото засилување на Барселона ова лето, барем засега.
Полскиот напаѓач ги чинеше Каталонците 45 милиони евра, а во Шпанија пристигнува од Баерн, каде беше неприкосновен стрелец во последните осум години.
Еден од капитените на Блауграна, Серхио Бускетс, смета дека доведувањето на полскиот напаѓач од Баерн Минхен многу ќе им помогне на Каталонците во остварувањето на целите за следната сезона.
“Доаѓањето на Левандовски ни значи многу. Тој е играч од светска класа, стрелец. Секогаш постигнува многу голови и тоа е важно. Неговиот трансфер ќе донесе ентузијазам. Се обидуваме да му помогнеме да се адаптира штом можно“, изјави Серхио Бускетс за „Мундо Депортиво“.
Напаѓачот би можел да дебитира во дресот на Барселона во Лас Вегас, на пријателскиот натпревар што Каталонците ќе го одиграат на 23 јули против Реал Мадрид.
Критики за Левандовски
Навивачите на Баерн беа разочарани од одлуката на Лева да го напушти клубот, а тој беше жестоко критикуван од германската манекенка и ТВ лице Ванеса Хупенкотен, чиј татко исто така играше во Германија.
Таа на Твитер објави слика од Левандовски во дресот на Барселона и го нарече „неблагодарен“.
Баерн даде се за него… Понекогаш сме многу неблагодарни“, напиша Ванеса.
Тогаш младата девојка објави твит во кој тврди дека сите се заменливи.
“Никој не е важен! Никој, ако сакаш оди оди”, објави манекенката