Според англиските, но и италијанските медиуми, Интер и Тотенхем почнале преговори околу дефанзивецот Милан Шкриниар. Наводно Интер поставил цена од 60 милиони евра, под која нема да прифати трансфер, додека Тотенхем се обидува да ја намали истата.
За овој фудбалер заинтересиран е и ПСЖ, но како што пишуваат италијанските медиуми, во овој момент тој е поблиску до заминување во Лондон. Доколку трансферот се реализира, Интер ќе го ангажира дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.