Симеон Христов, еден од позабележителните играчи на ФК Вардар, во новата година ќе има нов клуб. Во продолжението од сезоната ќе го носи тимот на Гостивар. Ова малку е изненадувачки потег на Христов, бидејќи Гостивар е еден од најголемите ривали на Вардар за пласман во Првата лига.
Вардар за Христов беше матичен клуб, а играше и за Пелистер, Брегалница Штип, Тетекс, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија ЃП, Тиквеш, Борец и Работнички. Во странство настапуваше за Влазнија, Јужен Мијанмар, унгарските Вашаш и Егер.