ФУДБАЛ

Еден од најдобрите играчи на Лестер беше вратен од аеродром бидејќи неговиот пасош истекол

Вечерва се очекува играчите на Лестер да играат против Легија во Полска во еден од најинтересните натпревари во Европската лига.

Лисиците ќе бидат лишени од услугите на еден од најдобрите играчи на тоа гостување. Станува збор за Келечи Ихеанах кој не отпатува со соиграчите во главниот град на Полска.

Причина? Проблеми со документи, поточно со неговиот истечен пасош … Нереален пропуст и на клубот и на самиот играч.

Работниците на аеродромот во Варшава беа принудени да го вратат во Англија од наведената причина.

Младиот Нигериец ја започна сезоната сосема солидно со два гола на седум натпревари во сите натпреварувања за популарните Лисици.

Горенаведениот пропуст не треба да се случи на ниту еден аматерски тим, а не на член на Премиер лигата и победник на истата во 2016 година.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига