ФУДБАЛ

Еден од најдобрите стопери на светот оди бесплатно во Милан!

Еден од најдобрите стопери на светот, Диего Годин, како што пишува „Corriere dello Sport“, ќе се пресели во редовите на Милан.

На крајот од сезоната, на овој 32-годишен фудбалер на Уругвај му истекува договор со Атлетико Мадрид, а исто така сè колеба да потпише нов, се повеќе и повеќе клубови покажуваат интерес за него.

Пред се Милан, кој во последно време се бори со повреди. Голем број играчи се надвор од теренот, а најголем проблем е позицијата стопер, каде што Гатузо на располагање ги нема со Калдара, Ромањоли и Мусачио.

Соодветно на тоа Росониерите се пуштија во потрага по нов дефанзивен фудбалер и, очигледно, изборот падна на Годин во која клубот од Милано види идеален лидер на одбраната. Наводно, контактите се воспоставени.

Годин е идеален за Милан, од причина што на „Сан Сиро“ пристигнува како слободен играч, бидејќи италијанскиот тим нема да мора да се грижи за финансискиот фер-плеј.