Ѕвездата на Бруклин Нетс Кајри Ирвинг не сакал да се вакцинира против коронавирус, па поради тоа минатата сезона пропушти речиси половина од сезоната. По укинувањето на мерките, тој го одигра првиот натпревар пред навивачите на Нетс минатата сезона на 27 март.
-Одлучив да не се вакцинирам и останав без четиригодишен договор вреден 100-милиони долари. Договорот е или вакцинирај се или не, така што ќе има одредена неизвесност за мојата иднина во лигата и овој клуб, истакна Ирвинг.