Барселона е во тешка ситуација во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа.
Ајнтрахт води на Камп Ноу со 0:3 и гледајќи го ремито во првиот натпревар од 1:1 има огромни три гола предност.
Сепак, една фотографија на полувремето од натпреварот ги шокираше сите во Барселона.
На полувремето остана празен делот од трибината зад голот каде што беа домашните навивачи. Имено, навивачите на каталонскиот гигант го напуштија стадионот во знак на протест против гостите.
На „Камп Ноу“ имаше дури 30.000 гостински навивачи, што ги налути домашните навивачи кои сметаа дека има премногу гостински навивачи и дека добиле премногу билети за натпреварот како и обично.
https://www.facebook.com/diarioas/photos/a.188994868000/10159897223323001/?type=3

Сите шпански медиуми брмчат за ова и секако е еден од најголемите срами во историјата на Барселона.
На ова да додадеме дека пред натпреварот и за време на натпреварот, симпатизерите на Ајнтрахт не направија инцидент и на коректен начин ги бодреа своите момци.