Германскиот репрезентативец Тони Крос призна дека бил крајно повреден кога Јулен Лопетеги доби отказ од клупата на Реал Мадрид.
Лопетеги беше избран за нов тренер летото 2018 година откако Зинедин Зидан го напушти кралскиот клуб, но остана на клупата на овој тим само неколку месеци.
Реал играше многу лошо на почетокот на таа сезона, а на крајот, Флорентино Перез реши да му врачи отказ на Лопетеги.
За него беше многу болно отпуштање затоа што ја ризикуваше работата селектор на Шпанија поради Реал Мадрид, а беше избркан неколку дена пред почетокот на Светското првенство. Но, ризикот не се исплатеше и тој беше отпуштен неколку месеци подоцна.
Крос потсети и на оваа ситуација, признавајќи дека му е многу жал што Лопетеги не доби вистинска шанса да се докаже како тренер на Реал Мадрид.
„Тој отказ најмногу ме повреди. Тој е одличен тренер и човек. Тој се најде во тежок момент на клупата на Реал по три последователни ЛШ и заминувањето на Кристијано Роналдо. Тој не ја доби вистинската шанса и навистина ми е жал за тоа“, рече Крос.