Летото 2021 година беше исклучително болно за навивачите на Манчестер Сити.
Легендата на овој клуб Серхио Кун Агуеро го напушти клубот тоа лето. Аргентинецот замина во Шпанија и потпиша за Барселона, каде имаше намера да игра со својот кум Меси, но отиде во ПСЖ.
Пеп Гвардиола (51) по последниот натпревар на Агуеро во дресот на Манчестер Сити, речиси со солзи во очите изјави дека не може да го замени Агуеро.
Сепак, во последниот преоден рок Граѓаните го доведоа во своите редови Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, а Норвежанецот веќе испишува историја во Премиер лигата.
Аргентинскиот напаѓач одигра само 165 минути во дресот на Барселона, но засекогаш ќе остане во историјата на Манчестер Сити. За десетте години поминати на „Етихад“, Агуеро пет пати ја освои шампионската титула и стана најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“ со 260 голови.
Сепак, одличните игри на Халанд докажуваат дека Агуеро е успешно заменет во дресот на Сити, а изјавата на Пеп Гвардиола, на шега или не, новинарите на ЕСПН ја оценија како најголема лага во историјата.
The greatest lie ever told 😅 pic.twitter.com/9dDdk0DEw6
— ESPN FC (@ESPNFC) October 3, 2022
Да потсетиме, Кун Агуеро на 15 декември 2021 година со солзи во очите на прес-конференција објави дека мора да ја заврши фудбалската кариера поради проблеми со срцето.
“Со оваа конференција ве информирам дека решив да престанам да играм професионален фудбал. Ова се многу тешки времиња, но многу сум среќен поради одлуката што ја донесов. На прво место го ставам своето здравје”, изјави Кун Агуеро.
Што се однесува до Халанд, Норвежанецот веќе постигна 14 гола на осум натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи и три хет-трика.