Реал Мадрид на гостински терен ја победи Барселона со 2-1 во натпреварот од десеттото коло на Ла Лига.
Кралскиот клуб успеа да слави против својот најголем ривал, со головите за гостите кои ги постигнаа Давид Алаба и Лукас Васкез.
Реал поведе во 32. минута кога Давид Алаба постигна одличен гол за 1:0.
За австрискиот репрезентативец ова беше прв гол во дресот на кралскиот клуб откако летово пристигна во клубот како слободен играч од Баерн.
По натпреварот излезе и Тони Крос, кој очигледно беше воодушевен од одличниот гол на Алаба на денешниот натпревар.
„Алабоооооом“, напиша Крос на Твитер по натпреварот на Камп Ноу.
Alabooooooom
— Toni Kroos (@ToniKroos) October 24, 2021