Барселона синоќа го надигра Виљареал и победи со 3:0, а на три бода се доближи до лидерот Реал Мадрид.
Првото име на Каталонците беше одличниот полски напаѓач Роберт Левандуси, кој постигна два гола.
Севкупно Левандовски веќе има 16 гола и три асистенции на 14 натпревари оваа сезона. Тренерот на Барселона, Чави е воодушевен од формата на Полјакот.
„Тој е ненаситен. Има голови во главата. Тој е убиец. Гледа многу на теренот, агилен е и бара простор. Тој е само одличен напаѓач“, рече Чави.
Барселона минатата среда ремизираше со Интер со 3:3 во Лигата на шампионите и многу ги отежна работите во групата. Потоа минатиот викенд загубија со 3:1 од Реал Мадрид во првенството.
Чави исто така додаде дека е задоволен од реакцијата на тимот по неодамнешните неуспешни настапи.
“Мислам дека одигравме многу добро. Моравме да реагираме адекватно. Не беше лесен ден. На овој тим се полагаат големи надежи и се очекува многу. Покажавме карактер на овој натпревар и одигравме добро и во одбраната и во нападот.” тој додаде.
Чави го пофали и Френки де Јонг кој излезе во првиот тим за натпреварот против Виљареал.
„Играше многу добро, особено во одбраната. Знаевме дека ќе биде најдобриот избор за средниот ред. Уживаше во играта и добро ја разбираше“, изјави Чави.
Следен шампионски ривал на Барселона ќе биде Атлетик Билбао, со кого ќе се сретнат на својот стадион в недела од 21 часот. Моментално клубот од Каталонија е втор на табелата со 25 бодови.
На Чави пред натпреварот со Виљареал наводно му бил поставен ултиматум дека мора да победи на двата споменати натпревари. Првиот чекор беше успешен, ќе видиме дали ќе биде и вториот.