ФУДБАЛ

Един Терзиќ ги победи Нагелсман и РБ Лајпциг со Борусија

Борусија Дортмунд го совлада РБ Лајпциг со 3:1 во дербито на 15. коло од Бундеслигата.

Един Терзиќ на овој натпревар комплетно ја надмудри одличната тренерска везда Џулијан Нагелсман и одличниот Дортмунд на крајот стигна до три бода.

Откако првите 45 минути завршија без погодок во второто полувреме, Борусија одигра одлично и дојде до победата. Гостите поведоа во 55-та минута. Санчо погоди за 0:1 .

Тогаш и двата тима создадоа шанси. Рамките за голови беа погодени од двете страни, а во 71. минута гостите стигнаа до вториот гол. Санчо овојпат е асистент. Прекрасно го пронајде Ерлинг Халанд, а погоди за 0:2.

Лајпциг со сите сили се обиде да се врати во мечот. Ова им отвори многу простор на гостите, а Халанд стави крај на овој натпревар во 84. минута за 0:3 .

Во 90-та минута домашниот тим успеа да стигне до почесниот погодок за конечни 1:3 со голот на Сорлот.

ПОВРЗАНО

Бундеслига