ФУДБАЛ

Единаесет месеци затвор за родителот на фудбалер кој нападна двајца 15 годишни играчи на Брегалница

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев информираше дека кривичниот судски совет, има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот законик. Тој е осуден на казна затвор од 11 месеци, а пресудата не е правосилна, следи периодот на жалби до Апелациониот суд во Штип.

Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24 август годинава.

ПОВРЗАНО

БрегалницаШкупи