Единсон Кавани има договор со ПСЖ уште една година, но ова лето ќе ги напушти редовите на францускиот шампион.
Кавани потроши шест сезони во ПСЖ и постигна 193 гола, а ова лето е цел на Атлетико Мадрид.
Антоан Гриземан го потврди неговото заминување од клубот, а се пишуваше и за заминувањето на Диего Коста ова лето.
Минатиот месец „Ел Мундо Депортиво“ напиша дека Кавани дефинитивно би можел да се приклучи на Атлетико ако Коста го напуштил клубот, а некои информации говореа дека може да заврши во Кина.
Шпанецот одби да тренира со своите соиграчи од Атлетико Мадрид за време на тренингот во април, откако клубот отвори случај за црвениот картон што Коста го доби во Барселона.
Коста ги пропушти последните осум натпревари од сезоната за казната што ја доби по црвениот картон, што доведе до шпекулации дека тој го одигра последниот натпревар за клубот.
Atlético Madrid want Edinson Cavani to replace the outgoing Antoine Griezmann. The Uruguayan is open to a switch to Madrid. #Cavani pic.twitter.com/qOUzrJkLBA
— Barça Media (@Barcamedia) June 10, 2019