ФУДБАЛ

Единствената цел на Роналдо е да го помине легендарниот Бразилец, дали ќе успее во тоа?

Кристијано Роналдо има желба да го собори Бразилецот, па затоа е подготвен да игра до 40-годишна возраст.

„Желбата на Роналдо е да го сруши рекордот на легендарниот Пеле според бројот на постигнати голови на официјалните натпревари“, како што открива неговиот поранешен соиграч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

„Тоа е целосна опсесија за него. Јас немам дилема дека Кристијано сака да игра до 40-годишна возраст и дека неговиот план е да го сруши рекордот на Пеле во постигнати голови”, изјави Невил.

Пеле има постигнато 600 голови на 694 натпревари, додека Роналдо има постигнато 626 гола на 828 натпревари, но сигурно Португалецот има време да го надмине Бразилецот.

Португалецот има 35 години, изгледа како да е среде кариера, но со оглед на неговиот животен стил и неверојатна физичка подготвеност, нема сомнение дека фудбалерот на Јувентус ќе игра уште неколку сезони на високо ниво.