ФУДБАЛ

„Единствениот начин Барса да заработи почит е да победи“

Тренерот на Барселона, Серхио Бархуан се надева дека ќе го победи Динамо Киев во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб ремизираше со Алавес во првиот натпревар на Бархуан, а сега е пред предизвик во елитното европско натпреварување.

„Барселона има обврска да победи. Секако, понекогаш се случуваат и тешки моменти, исто како сега. Единствениот начин да стекнете почит е да победите. Мораме да го направиме тоа. Исто така, триумф би им донел радост на играчите, би размислувале попозитивно“, изјави Бархуан.

Барселона има победа и два порази во групата и моментално е трета на табелата, зад Баерн и Бенфика.

„Играчите се навикнати на притисок. Ова е посебен натпревар, но се е во наши раце. Мора да се држиме до нашиот стил, да играме како тим“.

Што мислите, дали Барса ќе доживее преродба?