Екипата на Барселона доцна синоќа му честиташе на Реал Мадрид за шпанската титула.
Со лоша игра во продолжението на сезоната, каталонскиот клуб ја намали предноста што ја имаше и на крајот не успеа да ја одбрани титулата.
Титулата му припаѓа на најголемиот ривал Реал Мадрид, но и покрај големото ривалство, Барселона спортски им честиташе на „Кралевите“ за освојување на шампионатот.
Congratulations to Real Madrid on winning the 2019/20 La Liga title
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 16, 2020
„Честитки до Реал Мадрид што ја освоија титулата“, рекоа од Барселона на минута по полноќ.
Спортски потег.