ФУДБАЛ

Една од најголемите трансфер саги ова лето и официјално е решена!

Се случи потписот кој се чекаше со недели.

 

Усман Дембеле ќе остане во Барселона откако потпиша двегодишен договор со шпанскиот гигант.

Французинот потпиша нов двегодишен договор со Каталонците, според кој ќе заработува многу помалку отколку што беше случај досега.

 

Договорот на Дембеле истекуваше на крајот од минатата сезона, но по успешните преговори тој реши да остане во Барселона.

Одличниот офанзивец веќе одработи неколку тренинзи во подготвителниот период, па потписот беше само прашање на време.

 

Дембеле во последните месеци беше поврзуван со Челзи, ПСЖ и други клубови. На крајот реши да остане во Барселона.